Култура

„Подземје“ од Емир Костурица е најдобар филм на Балканот

Британскиот филмски институт објави листа на десет најдобри балкански филмови, а како најдобар го прогласи филмот на Емир Кустурица, „Подземје“. („Underground“). Филмскиот институт oодлучил покрај кино верзијата на ДВД, да се направи и подолга верзија од филмот, како и мини серија.  На оваа листа се најде и „Собирачи на перја“ на Александар Петровиќ од 1967 година, филмот на Душан Макавејев „Невиност без заштита“, „Татко на службен пат“ на Емир Кустурица. Во соопштението институтот наведува дека иако југословенските филмови не се толку застапени во британските кино сали поради лошата дистрибуција и лошиот видео-запис, секој систем кој овозможи да реализираат автори како Емир Кустурица, Горан Паскаљевиќ, Душан Макавејев, Александар Павловиќ и други, кои реализирале во „црниот бран“, е систем на силна културна сила, вреден за споменување.

 

Автор:

Слични статии