Почина познатиот хрватски писател Предраг Матвејевиќ
— 3 февруари, 2017Познатиот хрватски писател Предраг Матвејевиќ, надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите, почина на 85 годиншна возраст во Загреб. Професорор д-р Предраг Матвејевиќ е роден во 1932 година во Мостар. Студирал романистика на Универзитетот во Сараево и во Загреб. Во 1967 година докторирал на Сорбона (Париз) во областа компаративна книжевност и естетика, а потоа на истиот ја одбранил и хабилитацијата за редовен професор во 1994 година. Предавал современа француска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб и бил визитинг-професор на повеќе светски универзитети, Њујорк Универзитет,, Институтот за словенски јазици во Париз, на „Колеж д’Франс“, Католичкиот универзитет во Лувен, Универзитетот во Перпињан по повод својот 600-годишен јубилеј му додели титула за почесен доктор на Универзитетите во Трст (2001), Џенова (2004) и во родниот град Мостар (2006). Предраг Матвејевиќ е автор на над триесет книги објавени во некогашна Југославија, Франција и Италија. До заминувањето во пензија бил редовен професор на Универзитетот „La Sapienza“ во Рим, каде го предавал предметот словенски јазици и литератури и бил оформен Лекторатот за македонски јазик, кој ја уживал неговата целосна поддршка. Во рамки на Катедрата тој е еден од организаторите на Меѓународниот симпозиум посветен на „Сонетот во словенските литератури“ на кој беше поднесен реферат „Сонетот во поезијата на Блаже Конески“. На македонски јазик досега му се објавени четири книги: „За една поетика на настанот“, 1983, „Источниот епистолар“, 1996, „Медитеранскиот бревијар“, 2002 и „Лебот наш“, 2014, кои наидоа на одличен прием во нашава средина.