Култура

Охрид СОС: На Охридското езеро му се случува еколошка катастрофа

Граѓанската иницијатива Охрид СОС на Фејсбук страницата објави фотографии на кои се гледа повлечената вода од Охридското езеро и остатоци од масло за мотори. Овие неубави слики од крајбрежјето, можат да се видат веднаш до помошното пристаниште пред хотелот „Палас“во Охрид. Ова не е прв ваков случај да се појават мрсни кругови во водата, за кои сеуште не се знае дали се работи за испуштена нафта или се работи за моторно масло кое е дојдено од канализацијата.Во секој случај, ова воопшто не му прилега на Охридското езеро, кое е заштитено од УНЕСКО.  Оваа негрижа од страна на градските власти, придонесе Комитетот за светско наследство на УНЕСКО , лани во Истанбул на седницата да усвои одлука со кој асе изразува сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид како резултат на големиот број инфраструктурни проекти кои биле предложени и заклучоците на проценката на влијанието што потврдува дека овие проекти веројатно ќе предизвикаат значителни потенцијални влијанија врз исклучителната универзална вредност на регионот на Охрид. Надлежните инспекциски служби денес сѐ уште молчат за ова загадување.

Еколошката организација Охрид СОС денес на својата фејсбук страница постави саркастичен коментар во кој меѓу другот се вели:

„Добро утро Охриде, град на УНЕСКО тоа што си, со институции на кои екологијата приоритет им е и со иницијативи ко нашава шо од досада еко спинови прават само и еколози изиграваат за некакви си политички цели. А ова на сликиве шо го гледате, сетоа тоа е природна колоритност, каква нафта какви хемии кои загадуваат, оваа шареноликост има за цел туристи привлекување, та не знаевте ли? Исто како што и намалувањето на количината на вода има за цел создавање нови крајбрежни плажички на кои и парапетчиња допрва ќе им заличат, со медитерански песок плажарски, бидејќи развој е не е шала”, пишува Охрид СОС.

Автор: