Индиска компанија го претвора јаглерод диоксидот од воздухот во сода бикарбона
— 5 февруари, 2017Многу научници и инженери се трудат да го намалат штетното влијание на модерната цивилизација врз животната средина и се фокусираат на решенија за отстранување на CО2, кој придонесува за климатските промени. Индиската компанија Carbon Clean Solutions е најнапредна на тоа поле и има уникатен метод за претворање на јаглерод диоксидот во сода бикарбона. Методот може да го применуваат индустриите кои согоровуваат јаглерод диоксид со цел да се намали емисијата на штетниот гас во корисни нуспроизводи. Carbon Clean го применува овој метод во термоелектрана во Турукорин во јужна Индија. Таму јаглерод диоксидот се заловува од бојлерите и се користи да направи содиум карбонат, односно истата состојка која ја користат пекарите. Процесот на трансформација не е едноставен, но Carbon Clean го применува истиот без никаво субвенционирање од страна.
Според компанијата, со овој процес може да се заловат 66.000 тони CO2 годишно од фабриката во Тутикорин, што е иста количина како таа што ја креираат 12.674 автомобили или кога се согоруваат околу 255.000 хектолитри бензин. Додека многу компании сè уште го заловуваат и го складираат јаглерод диоксидот, што е многу скапо и нема опција за профит, примерот на Carbon Clean е првиот каде што не само што гасот се заловува, туку се реупотребува и може дури да се профитира. Иако овој метод нема да може да го претвори јаглерод диоксидот во одржлива индустрија, доволен е за индустриите кои користат фосилни горива да го намалат негативниот отпечаток врз средината.
Текстот е преземен од Inovativnost.mk