Култура

Германија гради 100 км автопат само за велосипеди

Германија ги отвори првите три-километри на автопат за велосипеди од предвидените 62 милји или 99.77933 км, што е речиси 100 км. Се работи за автопат по кој ќе се движат само велосипеди, автомобилите ќе бидат целосно исклучени. Овој автопат за велосипеди ќе поврзува 10 германски градови и четири универзитети.

Како и традиционалниот автопат и овој ќе биде обележан со ленти, ќе поминува над надвозници и подвозници и ќе има улично осветлување. Но, велосипедистите  нема да се грижат за камиони или автобуси. Тоа ќе биде автопат само за велосипеди. Студијата изработена од групата RVR, предвидува дека изградбата на предвидените километри на автопатот за велосипеди, ќе исфрли од употреба дури 50 илјади автомобили и тоа на дневна основа.  

 

Автор:

Слични статии