Култура

Алармантна загаденост во Скопје

Нивото на загадување во Скопје, вечерва, достигна енормно високо ниво со присуство на ПМ 10 честички во воздухот за 25 пати повеќе од дозволеното. Мерните станици ја регистрираа највисоката загаденост  во Карпош, каде концентрација на овие честички во 22 часот се искачи на 1218 мг/м3.8943984398489349340934

 

По Карпош следуваат,  Гази Баба, Лисиче, Куманово, мерната станица кај Ректоратот во Скопје, и во скопски Центар.

Со повеќекратно надминати концентрации на загадувачи во воздухот, Скопје се соочува во последните 10 години, коешто се одразува на нивното здравје. Бројките ид Институтот за јавно здравје само го потврдуваат ова. Така,  дури 40% од луѓето, кои се лекувани во амбулантите , имале заболувања на респираторниот и на циркулаторниот систем, а 55% од децата до шестгодишна возраст страдаат од болести на белите дробови и на дишните патишта. Податоците на Светската банка велат дека загадениот воздух во земјава годишно убива по 1.350 луѓе и ја чини економијата по 253.000.000 евра. Ввластите сè уште ги игнорираат овие загуби и не ги спроведуваат целосно законските мерки за спречување или намалување на загадувањето од најголемите извори, како што се индустриските и енергетските компании, сообраќајот, урбанизацијата, домаќинствата и депониите. Земјава е на прво место на листата на Светската банка, кога станува збор за изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички, ПМ 10 честичките. Веднаш зад нас е Србија,  потоа следуваат Романија, Бугарија и Малта.

Автор:

Слични статии