Култура

Снегот не го намали загадувањето

Загаденоста на воздухот со канцерогените ПМ10 честички повторно се враќа иако деновиве снегот и ветерот ја намалија енормната загаденост која на места се движеше и до 20 пати повеќе од дозволеното.  Сите 14 мерни станици низ земјава мерат повисоки вредности од дозволените.  Но колкави се моменталните параметри на загаденост во скопските општини и градовите според мобилната апликација „Mој воздух“ е непознато, бидејќи не беше во функција. Министерството за животна средина не ги ажурира навремено податоците поради што граѓаните не се доволно информирани колкава е моменталната загаденост. Според последните ажурирани поратоци од Министерството за животна средина најзагадено е во Кичево, а потоа во скопска Гази Баба и Битола. Висока загаденост мерните станици бележат и во Центар Карпош Лисиче Ректорат Миладиновци Тетово Кочани и Куманово. Ниска загаденост има во Битола и Кавадарци, а единствено не е загадено во Лазарополе, објави 24Вести.

Автор:

Слични статии