Култура

Почина цртачот на легендарниот цртан филм „Бамби“

Цртачот на евергринот во цртаните филмови  и еден од попознатите продукции на „Дизни“ цртаниот „Бамби“ е Тајрус Вонг, уметник  кој почина на 106 годишна возраст.  Ремек делото Бамби е снимено во 1942 година а во 2006 студиоито „Дизни“ подготви продолжение „Бамби „“, според уметничкиот и техничкиот план многу близок до првиот дел.  Бамби во пишана форма е дело на унгарскиот писател Феликс Салтен, кој го напишал во 1920 година. Писателот Томас Ман ова книга му ја подарил на Волт Дизни, кој одлучил да го екранизира. 

За познатото студио „Дизни“ , Тајрус Вонг работел само три години, од 1938 до 1941, но оставил неизбришива трага. Тој ќе остане запаметен како еден од најславните уметници во историјата, иако искусил многу дискриминација и нетолерација. Тајрус Вонг е роден во Кантон, емигрирал како дете во САД. 

Вонг беше прославен уметник, сликар, калиграфер и илустратор, кој работел во Холивуд долги години. Поради нетолерацијата што владеела кон  кинеските имигранти, Вонг не ја претставувал својата работа со сопственото име. За време на неговата кариера, Вонг цртал скици за десетици филмови помеѓу 1930-тите и 1960-тите, вкучително за „Rebel Without a Cause“ и „ The Sands of Iwo Jima“. Сепак, „Бамби“ бил неговиот врв на  кариерата. Вонг бил одговорен за надреалниот изглед на шумата во филмот, инспириран од династијата Сонг. Волт Дизни се воодушевил од дизајните на Вонг и лично го одбрал да биде (неофицијално) уметникот за филмот. Кога „Бамби“ беше објавен во 1942 година, филмот добил огромни пофалби за дизајнот, а Вонг само признание на позадински уметник. Од тогаш, Дизни започна да го признава придонесот на Вонг со бројни изложби и документарни филмови.

Цртаниот филм „Бамби“, е ставен на листата на културно и историско богатство на САД во 2011 година. 

 

 

 

Автор:

Слични статии