Култура

Филмот „Џган“ во натпреварувачката селекција на филмскиот фестивал во Гетеборг

Македонскиот филм „Џган“ (англиски наслов „Amok“)  ќе биде прикажан во натпреварувачката селекција на Филмскиот фестивал во Гетеборг, Шведска. Филмот, по сценарио и режија на Вардан Тозија, ќе биде прикажам на 29 јануари, соопшти македонскиот продуцент на филмот „Дрим фектори“. Филмот е снимен со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на РМ и SEE Cinema network. Светската премиера на филмот се одржа во Чикаго а е прикажан и на неколку фестивали во Европа.  Главните улоги ги играат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски. Филмскиот фестивал во Гетеборг се одржува од 1979 година и е водечки во нордиските земји. Минатата година фестивалот имал 450 филмови од 84 земји и над 130.000 посетители.

Автор:

Слични статии