Почина Џорџ Мајкл
— 26 декември, 2016Пејачот Џорџ Мајкл починал на 53 годишна возраст, објави неговиот издавач. Светската музичка ѕвезда Џорџ Мајкл којшто својата кариера ја започна во 80-тите во британското дуо Wham (ВЕМ), за потоа да продолжи соло и така да го достигне својот најголем успех, „замина мирно во својот дом“, пренесува ББС.
„Семејството моли да се почитува неговата приватност во овој тежок и емотивен период“, објави издавачот и најави дека засега нема да има дополнителни коментари.
Џорџ Мајкл Мајкл, кој беше роден како Јорго Киријакос Панајоти во северен Лондон, беше пејач, текстописец и музички продуцент. Неговите албуми се продадени во над 100 милиони копии, а неговиот деби албум Faith (Верба) од 1987 година се продаде во 20 милиони копиии ширум светот. Првиот сингл од овој албум, I want your sex, беше забранет за емитување на многу радиостаници во Велика Британија и светот поради своите сексулани сугестивни стихови, како што ќе се изрази ББС во тоа време која меѓу првите го забранува овој сингл.
Својата сексуалност на свои 19 години Џорџ Мајкл најпрво му ја открива на својот најдобар пријател Ендрју Ридгелеј со кого го формираат ВЕМ. Тогаш Мајкл му се доверува дека е бисексуалец. Подоцна во интервјуа тој ќе зборува дека многу често спиел со жени, но никогаш не почуствувал дека може да развие врска со нив, затоа што „потсвесно знаел дека е геј маж“. Џорџ Мајк имаше и политички ангажирана музика. За време на владеењето на Маргарет Тачер, тој јавно се декларираше како лабурист. Песната Shoot the dog (Убиј го кучето) беше критична кон вклученоста на САД и Велика Британија во војната во Ирак. Bеше активист за човекови права, еднаквост, борбата против сиромаштија.
Џорџ во 2008 година најави дека се повлекува од настапите во живо и дека бара “мирен живот” надвор од очите на јавноста. Со групата „Вем!“ имаа многу хитови, но одлучија да ја прекинат соработката по синглот ” The Edge Of Heaven”, која беше на врвот на сите светски топ листи во 1986 година. Џорџ започна успешна соло кариера, а повремено работеше со Арета Френклин, Елтон Џон и групата „Квин“, по смртта на Фреди Меркјури. Но, следеа маратонски судски спорови во кои се обидуваше да се ослободи од договорот со компанијата „Сони“, поради што не можеше да објавува нови албуми.
Додека кариерата му доживуваше криза, во 1998 година беше фатен во “несоодветен чин” во јавен тоалет во Беверли Хилс и поради тоа беше и уапсен. Инцидентот го принуди јавно да ја признае својата сексуална ориентација и врската со Американецот Кени Гос. Подоцна, изјави дека во дваесеттите години од животот бил во депресија поради загубата на партнерот Анселм Фелеп, кој почина од СИДА.
“Првата врска ја имав на 27 години, затоа што не можев да се помирам со својата сексуалност до 24. Го изгубив мојот партнер од СИДА и ми требаа околу три години да го прежалам, а веднаш потоа ја изгубив мајка ми. Се чувствував како да сум проколнат”, призна Џорџ во едно интервју.
Сепак, со време се прифати себеси и дури и направи пародија на сметка на апсењето, снимајќи спот за песната “Outside”. Иако песната беше популарна, повеќе не можеше да остане на врвот. Не му помогна ни тоа што жестоко го критикуваше односот меѓу Тони Блер и Џорџ Буш во песната “Shoot the dog” во 2002 година, што предизвика бес кај американските медиуми. Нови и посериозни проблеми со законот имаше во 2006 година, кога беше пронајден во несвест зад воланот на својот автомобил. Во мај беше обвинет за возење под дејство на дрога и возачката дозвола му беше одземена неколку години.
Од 2008 година, најави повлекување од јавниот живот, но повторно беше уапсен за “поседување на наркотици од прва класа”, меѓу другото, крек. Во септември 2010 година беше осуден на осум недели затвор бидејќи една година претходно со својот Рејнџ ровер влета во продавница во Лондон.
Во обид да ја обнови својата музичка кариера, изведе песна од новиот албум на затворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012. Сепак, лошата здравствена состојба му ги попречи сите планови. Скоро почина од пневмонија од која никогаш во целост не се опорави и која му создаде анксиозност, поради што ја откажа планираната турнеја во Австралија.
Џорџ е до крајот веруваше во подобро утре. Снимил документарец за својот живот насловен “Слобода” (Freedom), кој би требало да биде премиерно прикажан во март следната година. Почина мирно во својот дом за време на Божиќните празници. Од него се простија бројни пријатели и колеги. Во 2007 година својот концерт во Софија им го посвети на медицинските сестри кои беа осудени на смрт во Либија поради наводно намерно заразување на деца со ХИВ. Majјк беше активен во собирањето средства за сиромашни и болни деца и собра десетици милиони долари за овие цели.
Во последните години тој неколку пати се бореше со влошено здравје, меѓу кои и тешка пневмонија во 2011 од којашто едвај се извлече, за во мај 2013, само 18 месеци подоцна повторно беше пренесен во болница, овој пат за повреда на главата, бидејќи во тек на возење по автопат испаднал од автомобилот и се здобил со сериозна повреда на главата.
Причините за смртта се уште не се објавени.