Култура

„Ла ла ленд“ со седум номинации за „Златен глобус“

По мјузиклот за Лос Анџелес со најмногу номинации, следуваат „Мунлајт“ и „Манчестер покрај морето“

Носталгичната музичка комедија „Ла ла ленд“ води со седум номинации за наградите „Златен глобус“, меѓу кои се и номинациите за актерите кои настапуваат во главните улоги, Ема Стоун и Рајан Гослинг, како и номинацијата за најдобра комедија или мјузикл и најдобар режисер. Во конкуренција со „Ла ла ленд“ за најдобра комедија се натпреваруваат и филмовите „Жени на 20 век“, „Дедпул“, „Синг стрит“ и „Флоренс Фостер Џенкинс“. „Мунлајт“, пак, со шест номинации ќе се соочи со воената драма „Хексоу риџ“, трилерот „Хел ор хај вотер“, австралискиот биографски филм „Лион“ и со семејната драма „Манчестер покрај морето“ во категоријата најдобра драма.

Актерката Мерил Стрип ја доби 30. номинација за „Златен глобус“ за улогата во „Флоренс Фостер Џенкинс“. Таа, на церемонијата на доделувањето, ќе ја прими наградата „Сесил Б. ДеМил“. Во телевизиските категории, серијата „Народот против О.Џеј Симсон: Американска криминална сторија“ води со пет номинации. Номинациите за наградите „Златен глобус“ беа објавени завчера од актерите Дон Чидл, Лора Дерн и Ана Кендрик. Добитниците на 74. „Златен глобус“ ќе бидат објавени на церемонија на 8 јануари 2017 година, чиј домаќин ќе биде Џими Фелон. Инаку, филмот „Ла ла ленд“ победи во 8 од 11 категории кои ги додели Здружението на филмските критичари деновиве во Лос Анџелес. Извор: (Дојче веле)

Автор:

Слични статии