Култура

ДПМ ќе ја одбележи 95-годишнината од смртта на Блаже Конески

„Денови на Блаже Конески“, е манифестација што Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) којашто ќе се одржи од 16 до 19 декември, со цел да ја одбележи 95-годишнината од раѓањето на големиот творец и научник, Блаже Конески, кој беше првиот претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Централната свеченост под наслов „Средба на генерации“, со учество на 20 поети на ДПМ, ќе се одржи на 17 декември на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“, каде што поздравна реч ќе има деканот Емил Сулејмани, а за поетското и животно послание на Конески ќе зборува претседателот на ДПМ, Веле Смилевски. Писатели за деца на 16 декември ќе настапат во основното училиште „Блаже Конески“ каде што ќе зборува поетот Стојан Тарапуза.

Автор:

Слични статии