Култура

Во ЗАМП се затечени – допрва ќе решат како ќе му возвратат на Министерството за култура

Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) деновиве ќе донесе одлука како и дали ќе возвратат на решението од Министерството за култура, со кое македонската и српската музика се враќаат пред гледачите на телевизија и слушателите на радио, објави Мета.

Претседателот на управниот одбор на ЗАМП, Григор Копров, не сакаше да ја коментира оваа одлука на Министерството за култура, пред органите на здружението да донесат одлука што понатаму.

– Деновиве, органите на ЗАМП треба да расправаат за оваа одлука на Министерството за култура. Јас ќе ја почитувам нивната одлука и ќе се залагам за неа – вели Копров.

Забраната за емитување македонска музика од страна на ЗАМП беше воведена на 19 септември, а како причина го наведоа „повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз работењето на ова Здружение и создавањето на можноста да се формира паралелно здружение за истите права, во случајов СОКОМ МАП“.

Автор:

Слични статии