Култура

Почина Реџеп Пампур

Пoпуларниот македонски телевизиски водител, Реџеп Пампур починал ноќеска во својот дом. Познатиот македонски новинар и водител Реџеп Пампур, јавноста најмногу го препознаваше како радио и телевизиски водител, особено по бројните интервјуа и анкети на познатата емисија „Пулсирања“ на Македонската радио телевизија. Пампур пред шест години доживеа тешка сообраќајна несреќа со својот мотоцикл, извршувајќи репортерска работа и оттогаш мина низ долг процес на заздравување и рехабилитација. По несреќата, Пампур се повлече од јавноста и беше во друштво главно со неговите пријатели и роднини, а на социјалните мрежи често најавуваше дека ќе им се врати на телевизијата и на радиото откако ќе се закрепне. „Откако ќе застанам на нозе планирам повторно да се вратам на телевизија со емисија за филмските случувања. Додека лежам имам многу време за размислување, за креирање, за идеи“,  изјави Пампур во интервју во 2013 година кога беше на рехабилитација во обид да застане на нозе по несреќата.

Автор:

Слични статии