Култура

Мартин Ѓоргоски награден на филмскиот фестивал во Брунсвик

Младиот актер Мартин Ѓоргоски доби признание за улогата во „Џган“ на Филмскиот фестивал во Брунсвик. Тој  доби специјално признание за исклучително остварување на Филмскиот фестивал во Брунсвик, соопшти продуцентот „Дрим фектори“. Македонскиот игран филм „Џган“ работен по сценарио и во режија на Вардан Тозија, во кој главниот лик го толкува Ѓоргоски, бил номиниран меѓу осум филмови во натпреварувачката категорија „Beyond“ на овој филмски фестивал во Германија, на кој учествувале 344 филма. Филмот, кој ја раскажува приказната за тивкото и повлечено момче кое низа од свирепи околности го претвораат во сурови бескомпромисен водач на група штитеници од дом за деца без родители, е во копродукција на „Red Helicopter Films“ од Албанија, а е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на РМ.

Автор:

Слични статии