Култура

„Добра жена“ на Карановиќ вечерва на „Синедејс“

На Фестивалот на европски филм „Синедејс“ вечерва, 15 ноември, во кино „Фросина“ ќе биде прикажан „Добра сопруга“  во режија на познатата српска актерка , Мирјана Карановиќ. Ова е нејзино режисерско деби.

Карановиќ се јавува и како сценарист на овој филм заедно со други сценаристи, меѓу кои и младиот Стеван Филиповиќ, коишто работеле на сценариото за овој филм. Мирјана Карановиќ е во главната улога во овој филм кој е меѓу шесте кои се натпреваруваат во селекцијата „СинеБалкан“.

Во кино „Милениум“ ќе бидат прикажани два филма од гала-програмата – „Комуна“ на Томас Винтерберг и „Сол и оган“ на Вернер Херцог.

На денешната фестивалска програма се и музичкиот документарец за Битлси во режија на Рон Хауард и филмот посветен на модниот свет „Првиот понеделник во мај“ кој прави хроника на неколкугодишните подготовки за модната изложба инспирирана од Кина и го отсликува секојдневието на Ана Винтур.

Автор:

Слични статии