Култура

Сингапур со најдобар образовен систем во светот. Македонија е на дното

Организацијата за економска соработка и развој ја објави листата на најуспешни образовни системи. Според најновото истражување на врвот се наоѓаат Азиските земји, додека Македонија е на дното на оваа листа меѓу последните 10 земји.  

Првите пет места на листата на квалитетно школување го заземаат Сингапур, Хонг Конг, Јужна Кореја, Јапонија и Тајван. После нив доаѓаат европските земји како Финска, Естонија, Швајцарија и Холандија, а првите 10 завршуваат со Канада. Истражувањето направено врз основа на резултатите од тестовите по математика и природна наука тврди дека е поширок показател на глобалната мапа на образовни стандарди од PISA тестирањето кое воглавно се фокусира на индустријализираните земји. На листата нашата земја се најде на 65-то место од вкупно 76 земји, Србија е 42-то место, Црна Гора е на 56-то место, додека Хрватска има подобар успех и се наоѓа на 34 место. Словенија е земјата со најдобар образовен систем на Балканот и го зазема 18-то место.

Табелата покажува проблеми во американското образование кое се наоѓа на 28 место со Италија, а исто така и во Шведска, која минатата недела доби предупредување од OECD поради сериозни проблеми во образовниот систем. Организацијата за економска соработка и развој вели дека истражувањето јасно ја покажува врската меѓу образованието и економскиот раст.

„Ова е прв пат да имаме глобална слика за квалитетите на образованието“, вели директорот за образование од OECD, Андреас Шличер. „Идејата беше да им се даде можност на земјите, богати и сиромашни да можат да се споредат со оние кои водат на листата на образование, ги открива предностите и слабостите и гледа каква е долгорочната корист од подобрените квалитети на образование. „Ако одите во азиска училница, ќе сретнете ученици кои од секој ученик очекуваат да успее. Таму има доста строгост и дисциплина и насоченост. Овие земји се одлични бидејќи ги привлекуваат најдобрите професори“, вели тој.

Извештајот кој го објави OECD го направија Ерик Ханушек од Стенфорд и Луџер Воесман од Универзитетот во Минхен. Тие нагласуваат дека образовниот стандард може да предвиди колку богатство земјата ќе создаде во подолг период. „Слабата образовна политика и пракса ги оставаат земјите во постојана состојба на рецесија“, се вели во извештајот.

Подобрувањето на образованието би создало „одлични долгорочни економски добивки“, велат експертите. Кога на пример Гана, најлошо рангирана земја, би постигнала нејзините 15 годишни ученици да усвојат основни образовни вештини, нејзиниот сегашен БДП би пораснал 38 пати и тоа во животниот век на денешните млади луѓе.

 

Countries ranked by maths and science
1 Singapore
2 Hong Kong
3 South Korea
4 Japan (joint)
5 Taiwan (joint)
6 Finland
7 Estonia
8 Switzerland
9 Netherlands
10 Canada
11 Poland
12 Vietnam
13 Germany
14 Australia
15 Ireland
16 Belgium
17 New Zealand
18 Slovenia
19 Austria
20 United Kingdom
21 Czech Republic
22 Denmark
23 France
24 Latvia
25 Norway
26 Luxembourg
27 Spain
28 Italy (joint)
28 United States (joint)
30 Portugal
31 Lithuania
32 Hungary
33 Iceland
34 Russia
35 Sweden
36 Croatia
37 Slovak Republic
38 Ukraine
39 Israel
40 Greece
41 Turkey
42 Serbia
43 Bulgaria
44 Romania
45 UAE
46 Cyprus
47 Thailand
48 Chile
49 Kazakhstan
50 Armenia
51 Iran
52 Malaysia
53 Costa Rica
54 Mexico
55 Uruguay
56 Montenegro
57 Bahrain
58 Lebanon
59 Georgia
60 Brazil
61 Jordan
62 Argentina
63 Albania
64 Tunisia
65 Macedonia
66 Saudi Arabia
67 Colombia
68 Qatar
69 Indonesia
70 Botswana
71 Peru
72 Oman
73 Morocco
74 Honduras
75 South Africa
76 Ghana

Автор:

Слични статии