Култура

Откритија коишто никој не може да ги објасни

Џиновски камени топки во Коста Рика

Овие тајанствени камени топки се интригирачки, не само по нивната совршена округла форма, туку и по нивното непознато потекло и намена. Откриени се во 1930 година од страна на работници, берачи на банани.

78955-r3l8t8d-1000-4d668b099e925231fafa35542e5

Моа птици

Моа птиците живееле на Нов Зеланд, а изумреле околу 1500 година, според една теорија биле убиени од луѓето Маори. Во текот на експедиција што се случила во 20-тите години, научниците налетале на нокти од оваа врста на птица во многу добра состојба.

79155-r3l8t8d-1000-collage11

Комплексот на храмот во Saksaywaman, Перу

Совршена изработка на овој антички комплекс на храм, кој е направен без присуство на ниту една капка малтер. Меѓу камените блокови не може да помине ниту лист хартија. Згора на тоа камените блокови имаат мазна површина и заоблени ќошиња! Како е изграден, никој не знае.

79205-r3l8t8d-1000-collage22-1

Портата на Сонцето, Боливија

Портата на сонцето се наоѓа во Тиванаку – антички и мистериозен град во Боливија. Некои археолози веруваат дека тоа бил центар на огромна империја создадена во првиот милениум по Христа. Никој не знае што значат резбите на портата. Можно е тие да имаат астролошко или астрономско значење.

78605-r3l8t8d-1000-002

Пештери Longyou во Кина

Овие пештери се изжлебани во песок од човечка рака. Тешка работа, во која учествувале  илјадници луѓе. Сепак, никаде не постои информација или запис која метода е користена во контструкцијата на овие пештери.

79255-r3l8t8d-1000-collage44

 

Недовршениот Обелиск во Египет

Овој обелиск на почетокот изгледал дека е оформен од карпата, но подоцна се видело дека тој се одвојува од неа, оставен во оваа состојба како незавршен.  Неговата големина е едноставно неверојатна!

79105-r3l8t8d-1000-b7ewbosccaax236

Подводен град Јонагуни во Јапонија

Овој комплекс е откриен случајно од страна на инструктор по ронење, Кихачиро Атаке. Подводниот град прави забуна во сите научни теории. Карпа од која е направен е потоната пред 10 илјади години – пред да бидат изградени пирамидите. Некои археолози сметаат дека луѓето во тоа време живееле стиснати во пештери и јаделе корења и дека тие не можеле да изградат вакви камени градови.

 

Тајната за пропаѓање на овој град ги буни стручњаците веќе десетици години. Во 1922 година, индискиот археолог Р. Д. Банерџи ги открил античките урнатини на еден од островите во реката Инд. Прашањата се како е уништен овој голем град? Што се има случено со нејзините жители? Бројните истражувања не понудија никакви одговори.

79005-r3l8t8d-1000-56975636

Населба „L’Anse aux Meadows“ во Канада

Овој археолошки локалитет во Канада беше еднаш населба основана од страна на Викинзите пред околу илјада години. Фактот дека постои покажува дека скандинавските морнари стигнале во Северна Америка многу порано и пред раѓањето на Кристофер Колумбо.

79305-r3l8t8d-1000-collage77

 

Камени тунели од камено доба

Откривањето на широка мрежа на подземни тунели, која се протега низ цела Европа од Шкотска во Турција, покажува дека луѓето во каменото доба, не биле само ловци собирачи. Но, вистинската смисла на тунелите се уште е мистерија. Некои истражувачи сметаат дека се користени како заштита од предатори, додека други веруваат дека тие се предвидени за безбедно патување, заштитени од временски непогоди или опдалеку од конфликти.

78755-r3l8t8d-1000-112

 

Автор:

Слични статии