Култура

Никита Михалков основа евроазиски фестивал пандан на „Оскар“

Познатиот руски режисер Никита Михалков објави дека сака да основа престичен евроазиски филмски фестивал со награда  еднаква на американскиот „Оскар“. Михалков ова го изјавил на Крим, каде го отворил меѓународниот филмски фестивал „Евроазиски мост“ кој ќе трае до петти октомври. Ивицијатор за отворање на овој фестивал бил токму Михалков, кој на Јалта изјавил: „За нас  евроазискиот простор има принципиелно, стратешко значење.  Евроазискиот простор е огромен дел од светот кој може да претендира на поголемо внимание од ова што го има денес. Затоа и се појави идејата за голем фестивал кој би бил евроазиски пандан на Оскарот. Меѓутоа, тоа воопшто нема да биде обид за борба со Холивуд – истакна рускиот режисер.
Михалков додаде дека на филмските фестивали низ светот се повеќе вниммание се посветува на филмовите од источните земји.
– Тоа се филмови од Кореја, Индија и Пакистан. Тоа се вистински филмови од земји во кои постојат проблеми – изјави Михалков.

Автор:

Слични статии