Настан по повод новиот мурал во МКЦ
— 14 октомври, 2016Вечерва во Младинскиот културен центар ќе се одржи настанот по повод новиот мурал на фасадата на МКЦ, на кој ќе настапат групите „Поклон“, „Litemotif“ и „Spewn“. Темата на муралот е „индоктринација“ или: методите и последиците на вбризгувањето идеологија и доктрина во сферата на културата, образованието, религијата, политиката, медиумите, претприемаштвото, земјоделството…
На оваа тема ќе одговорат 35 уметници, кои преку портрет ќе ги прикажат своите размислувања и својот уникатен уметнички израз.
Музичкиот дел ќе го отвори Васко Атанасоски со свој нов музички проект. Потоа ќе настапат ПОКЛОН, LEITMOTIF и SPEWN.
– Откако „муралистички“ прославивме 1/4 век официјална независна Македонија, ред е да ја славиме и првата пушка во Куманово и Прилеп. Се разбира, „муралистички“, се вели во соопштението од МКЦ.
Муралот е изработен на површина од 120 метри квадратни, на надворешниот ѕид на Младинскиот културен центар (МКЦ). Автори на муралот се: Иван Ивановски; Јана Јакимовска; Игор Тошевски; Атанас Ботев; Никола Радуловиќ; Милан Андов; Филип Велковски; Ана Јовановска; Сања Симоска; Бранкица Јордановска; Владимир Лукаш; Сали Ертунч; Зорица Зафировска; Перо Кованцалиев; Инес Ефремова, Ненад Тонкин; Горан Дачев; Маја Кировска; Миле Ничевски; Кристина Божурска; Марија Сотировска; Ване Костуранов; Марко Јанев; Шкипе Мехмети; Филип Јовановски; Анастасија Величковска; Љубиша Камењаров; Никола Анѓеловски; Иван Галовски; Крунислав Стојановски; Вук Митевски; Горан Менков; Мирослав Стојановиќ – Шуки; Ели Чочова; и Ѓорѓе Јовановиќ.