Култура

Фестивал на новиот германски филм

Вечер во киното „Милениум“ со почеток во 20 часот ќе биде отворен 12. Фестивал на новиот германски филм под мотото „Сакам филм“. Фестивалот ќе биде отворен со филмот на Тил Швајгер „Мед во главата“.  Во рамките на Фестивалот, ќе бидат прикажани десет актуелни германски продукции во десет македонски града.

Режисерот Швајгер е најпопуларниот актер во Германија и успешен продуцент. Неговиот филм „Мед во главата“ со над 7 милиони гледачи беше најуспешниот филм на годината во 2015. Во рамки на филмскиот фестивал од 6 до 9 октомври ќе бидат прикажани уште девет други филмови во кино „Фросина“, МКЦ од жанрот на : комедијата,  драмата, трилерот, детски и семејни филмови, стои во соопштението од Амбасадата. Фестивалот ќе има свои денови и во останатите градови во земјата: така во Кумнаово ќе има проекции на 10 октомври, потоа во Прилеп, Битола, Охрид, Велес, Кавадарци, Тетово, Струмица и Штип.
Изборот на филмовите е направен така што претставува пресек на опширната германска кинематографија од последните две години, којашто е поддржана од јавни средства.

Сите филмови имаат освоено награди и се наменети за публика над 12 години, додека детските филмови се за над 6 годишна возраст. Филмовите нудат можност, Преку филмовите публиката ќе ја види и ќе добие слика за германската култура, историја и општество.  Приказните се случуваат во Германија, но пораките се универзални и разбирливи за сите гледачи. Темите се однесуваат на љубовта и проблемите во врските, семејството и пријателството, училиштето и пубертетот, староста, болеста и смртта.

Автор:

Слични статии