Девет години од заминувањето на Тоше
— 16 октомври, 2016Денес се навршија 9 години од смртта на Тоше Проески. Тоше загина по неговиот голем хуманитарен концерт во 2007 година, којшто се одржа на Градскиот стадион во Скопје.
Во негова чест, и оваа година неговите фанови организираа настан „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ на градскиот плоштад. Со тоа тие одбележаа и девет години од неговиот последен хуманитарен концерт во соработка со УСАИД за подобрување на условите на образованието. За неговата хуманост тој ја доби и наградата Мајка Тереза, а УНИЦЕФ го прогласи за свој амбасадор. Годинава и маратонци повторно тргнаа од Нова Градишка и се упатија кон Крушево, неговиот роден град и местото каде почива, каде потоа, заедно фановите на Тоше дојдени во Крушево, запалија свеќи и положија цвеќе. Македонската опера и балет деновиве објави повик за аудиција за талентирани изведувачи кои ќе учествуваат во мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески. Повикот е отворен до 15 ноември. Десет години од загинувањето на Тоше, идната година, е годишнина внесена во државната Предлог-програма за одбележување значајни настани и истакнати личности. Таа наскоро треба да биде усвоена од Собранието. Носител на одбележувањето треба да биде Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево.