Боб Дилан е добитник на Нобеловата награда за литература
— 13 октомври, 2016Легендарниот американски музичар, текстописец и рок легенда Боб Дилан (75) е добитник на годинешнава Нобелова награда за книжевност за 2016 година, соопшти Нобеловиот комитет во Стокхолм. Најголемиот текстописец на минатиот век, Боб Дилан, е првиот музичар во историјата кој ја добива Нобеловата награда за литература. Во образложението за наградата се вели дека таа му се доделува за „создавањето нови поетски изразувања во рамките на големата американака поетска традиција“.
На Дилан, наградата му е доделена за „креирање нов поетски израз во рамки на големата американска музичка традиција“.
Сара Данилс, секретар на Шведската академија, вели дека изборот на Дилан можеби се чини изненадувачки, но „ако погледнете 5.000 години наназад, ќе ги откриете Хомер и Сапфо. Тие пишувале поетски текстови кои требало да бидат изведувани со музика, а истото важи и за Боб Дилан. Сè уште ги читаме Хомер и Сапфо и уживаме“.
Неговите најзначајни поетско-музички остварувања се од шеесетите години на 20 век, кога тој беше промовиран во неформален „хроничар“ на тогашните американки состојби и проблемите со кои се соочуваше земјата. Боб Дилан е роден како Роберт Ален Цимерман во 1941 годин и ја започнал музичката кариера во 1959 година, свирејќи во кафеана во Минесота. Голем дел од неговите најпознати дела датираат од 1960-тите, кога станува „неформален историчар на проблемите со кои се соочува Америка“.
Песните како Blowin’ in the Wind и The Times They are A-Changin’ станаа вистински химни на антивоените движења и движењата за граѓански права.