Култура

Отворање на новиот Социјален центар „Дуња“

Во четврток (6 октомври) се отвора нов социјален центар, наречен „Дуња“. Овој центар има за цел да  се бори на заборавот на политички прогресивната борка за слобода, Невена Георгиева – Дуња ќе биде простор отворен за среќавање, самоорганизирање, вмрежување, учење, споделување на знаење, креативно изразување, социјализирање и другарство.Отворањето на центарот е пропратено со целодневен настан кој вклучува изложба, концерти, дебатна проекција на филмови и др.

Случувањата ќе започнат во 16 часот со организирање на заедничка кулинарска дружба, по што следуваат концертите на бендовите „Ишарет“ и „The Local Blue“. Во 20 часот се отвора хуманитарна изложба со дела на повеќе автори, а во организација на уметникот Владимир Лукаш, проследена со настап на бендот „Фонија“ по што ќе следува и DJ сет на Васко од бендот Bernays Propaganda. Настанот ќе заврши во 12 часот на полноќ со проекција на филмот “Battle Royale” и дискусија на тема „Прекумерното насилство во медиумските форми на забава“, организирана од дебатното кино Контра Кадар – Скопје.

Центарот ќе функционира по принцип на хоризонтална поставеност и непрофитна култура, односно ќе биде волонтерски одржуван од членовите на организациите кои се основачи, како и од секој поединец или група кои ќе сакаат активно да дејствуваат во него. Секој што ги споделува овие вредности е добродојден да стане дел од иницијативата за заеднички простор устремен кон создавање подобро општество“, велат оттаму.

Социјалниот центар е заедничка иницијатива на членовите на Левичарското движење „Солидарност“, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Младинската организација „Мугра“, како и групи и поединци здружени со заедничка цел за создавање солидарен простор отворен за сите формални и неформални групи, иницијативи, движења и поединци кои сакаат да ја вдомат идејата за социјален или културен потфат, или едноставно сакаат да учествуваат во создавањето на колективен дом кој почива врз еманципаторски принципи.

Просториите на центарот се наоѓаат на ул. Рајко Жинзифов бр. 22 во Скопје.

Автор:

Слични статии