Култура

Земјотресот го оштети киното „Милениум“

Киното Милениум е оштетено од вчерашниот земјотрес во Скопје и беше откажана премиерата на филмот „Ослободувањето на Скопје“ на Раде и Данило Шербеџија. Од земјотресот е оштетен плафонот на киното, паднати се лесонитни делови, па поради безбедносни причини одложена е премиерата на филмот. Оштетувањата се такви што и најмала провокација, како што е посилниот звук, може да придонесе откачените делови од плафонот да паднат, велат од киното „Милениум“. По санацијата на кино салата ќе биде закажан нов датум за премиера на филмот „Ослободување на Скопје“.

Филмот „Ослободувањето на Скопје“ го отвори Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола што започна на 10 септември, а следниот ден беше закажана премиера во Скопје.

Инаку во текот на вчерашниот ден во Скопје се осетија неколку земјотреси а најсилен беше во 15.10 часот, потрес со јачина од 5.3 степени по  Рихтеровата скала. Утрото скопјаните ги разбуди земјотрес од 4.4 степени по  Рихтеровата скала.

 

Автор:

Слични статии