Култура

Проекции на „Лазар, „До Балчак“ и „Три дена во септември“

Утревечер, во Кинотеката на Македонија, со почеток во 18 часот, ќе бидат прикажани три македонски филма, „Лазар“, „До Балчак“ и „Три дена во септември’. Овие проекции се организираат во соработка со Агенцијата за филм а по повод одбележување на Денот на независноста – 8 Септември и 25-годишнината од македонската независност. Освен со проекциите на трите филма посетителите ќе имаат можност да ја видат и изложбата на филмски плакати „25 години филм во независна Македонија“.

Изложбата ќе биде поставена вечерва, на 6 септември, додека проекциите на филмовите ќе се одржат за време на „Бела ноќ“ на 7 септември и ќе завршат еден час после полноќ на 8 септември. Влезот е бесплатен. На 7 септември, во 18 часот, ќе биде прикажан филмот „Лазар“ (2015, 110 минути) на режисерот Светозар Ристовски. По сценарио на Светозар Ристовски и Грејс Леа Троје во главните улоги настапуваат Ведран Живолиќ, Дејан Лилиќ, Наташа Петровиќ, Горан Навојец, Александар Сано, Красимира Кузманова.

Ликот Лазар е незадоволен и емотивно неповрзан со светот околу себе. Кога неговиот татко го напуштил семејството, тој морал да се снаоѓа и да биде цврст, а сега во своите средни дваесетти години се впушта во круг на криумчарење на емигранти. Неговиот поглед на светот почнува да се менува кога ќе се вљуби во Катерина, студентка по архитектура, која случајно ја сретнува.

Ликот во филмот „Лазар“ е незадоволен и емотивно неповрзан со светот околу себе. Кога неговиот татко го напуштил семејството, тој морал да се снаоѓа и да биде цврст, а сега во своите средни дваесетти години се впушта во круг на криумчарење на емигранти. Неговиот поглед на светот почнува да се менува кога ќе се вљуби во Катерина, студентка по архитектура, која случајно ја сретнува. Во 20 часот ќе биде прикажан филмот „До балчак“ (2014, 165 мин.) на режисерот Столе Попов, снимен според сценарио на Горан Стефановски. Во филмот играат Инти Шрај, Мартин Јордановски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски и други.

Дејството на филмот „До балчак“ се одвива во годините на општ колапс и ’слободен пад‘ по крваво задушеното македонско востание од 1903. Приказната е за комплексен четириаголник помеѓу бескомпромисен и идеалистичен востаник, безмилосен турски офицер, богат ’татин‘ син опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа и една луцидна и слободоумна Европјанка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани.

Во 23 часот ќе биде прикажан третиот филм „Три дена во септември“ (2015, 90 мин.) на режисерот и сценарист Даријан Пејовски, а како сценарист се потпишува и Игор Иванов. Во филмот настапуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал.

Филмот „Три дена во септември“ е психолошки трилер во кој се говори за импликаците од семејното и сексуалното насилство. Јана и Марика се запознаваат во воз и бргу се зближуваат. Одат на село, во изолиран планински крај што крие многу тајни за минатото на Јана. Времето минува бавно и тензично, а сомнежот за нивните вистиснки намери е сѐ посилен. Една по една, тајните се откриваат. Марика е убиец во бегство, а Јана е дојдена за одмазда. Немаат друг излез освен да си помогнат и секоја од нив да ја оствари својата вистинска цел.

Автор:

Слични статии