Култура

Наградата „Златен Лав“ патува за Филипини

Наградата Златен лав за најдобар филм на  73. филмски фестивал во Венеција, ја освои aвторот од Филипини, Лав Дијаз за четири часовниот филм „Жената што замина“. Истиот автор оваа зима на Берлинскиот филмски фестивал за осум часовниот филм „Приспивна за жална тајна“ ја доби наградата „Сребрена мечка“.

Наградата за најдобра режија ја поделија режисерите Амат Ескаланте од Мексико за филмот „Нескротени“ и русинот Андреј Кончаловски за филмот „Рај“.

За најдобри актери се прогласени Ема Стоун за улогата во филмот „Ла ла Ланд“, Дамијен Шазел и  Оскар Мартинез во аргентинскиот филм „Почесен граѓанин“. Наградата „Марчело Мастројани“ што се доделува за најдобар млад актер и припадна на Паола Бир за извонредната улога на ликот Ана во филмот на Франсоа Озон „Франц“.

Режисерот Том Форд ја доби големата награда од жирито за филмот „Ноќни животни“.  Како најдобро сценарио е прогласено на Ноа Опенхајм, за филмот „Џеки“ на Пабло Ларен.

На Емир Кустурица му беше доделена наградата „Златен млад лав“ за најдобар филм  на 73. Венецијанског фестивала од страна на жирито на школските наставници.

 

Слични статии