Култура

ИФФК „Браќа Манаки“ -Перформансот откажан поради времето на расчистување на сцената

ИФФК „Браќа Манаки“ одлучи да ја откаже изведбата на перформансот кој беше предвиден за затворањето на фестивалот, вечерва, сабота, 17 септември.

Имено, переформансот во режија на Мартин Кочовски, во траење од пет минути, предвидува сценографија којашто вклучува отпад од неколку килограми праски, сливи, дињи и неколку килограми мед и половина кубен метар огревно дрво, а за кои за да се расчистат од сцената е потребно време со кое се оддолжува почетокот на церемонијалот за доделување на наградите за најдобрите кинематографери на годинaшниот фестивал, е образложението на Фестивалот, коешто го соопшти директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Благоја Куновски-Доре.

– Со цел да се избегне ова оддолжување на свеченото затворање за минимум 20 минути потребни за чистење на сметот од сцената и поставување систем на озвучување, ние одлучивме да го откажеме перформансот, истакна Куновски.

На средбата со новинарите директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ предочи дека фестивалот никогаш немал намера да ограничи слободата на атрактивниот израз на авторот што како што рече Куновски беше забележливо за време на отворањето на фестивалот кога авторот беше поддржан во реализацијата на пеформансот.

На денешната прес-конференција во Битола, директорот на Фестивалот Благоја Куновски-Доре истакна дека Фестивалот нe ја ограничува слободата на атрактивниот израз и дека и во иднината ќе ја поддржува.

На средбата со новинарите директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ предочи дека фестивалот никогаш немал намера да ја ограничи слободата на атрактивниот израз на авторот што како што рече Куновски беше забележливо за време на отворањето на фестивалот кога авторот беше поддржан во реализацијата на пеформансот.

Режисерот Мартин Кочовски пак вели дека нивниот перформанс е забранет од политички причини и дека нивниот труд е забранет заради притисоци од политички кругови и конзервативната јавност. Под силен притисок, самата организација на фестивалот „Браќа Манаки“ одлучила да не се случи изведбата. Таа требаше да се базира на слободата во живеењето, особено кај младите луѓе, требаше да го коментира преку осознавање на сексуалноста, преку слободата во својата приватна и природна сексуалност во еден широк контекст. Поради страв од овие теми и алудирањата на сексуалниот чин, цензуриран е труд што беше подготвен во експресно време во лоши услови и со беден надомест за актерите.

Автор:

Слични статии