Култура

Џеки Чен ќе го добие првиот „Оскар“

Актерот и мајсторот на борачките вештини Џеки Чен ќе добие „Оскар“ за животно дело, објавија деновиве од Академијата на филмските уметности и науки. Тој е познат по тоа што во своите филмови никогаш не користи каскадери. Доказ за тоа се многубројните повреди и скршеници кои му се случуваат на снимање. Во следното видео некој страствен фан ги собрал сите каскадерски трикови од неговите филмови
Чен, роден во Хонгконг, е на возраст од 62 години и има остварено улоги и во холивудските филмови „Кунг фу панда“, „Смокинг“ и „Раш аур“.
Тој годинава ќе се придружи на преостанатите добитници на оваа награда: режисерот на документарци Фредерик Вајсман, британската монтажерка Ана. В. Котесу и кастинг-директорката Лин Сталмастер. Секој од нив, на гала-вечера во Лос Анџелес во ноември, ќе ја прими почесната статуетка „Оскар“ со која се признава нивниот животен придонес во филмската уметност.
Претседателката на Академијата, Черил Бун Ајсак, во соопштение истакна дека тие се „вистински пионери и легенди на својот занает“.
Инаку, Чен имал осум години кога за првпат глумел во филм, а како актер, но и како режисер настапил во повеќе од 30 филма со борачки вештини. Ова ќе му биде прв „Оскар“.

 

Tagged with:

Автор:

Слични статии