Култура

Австралија со нова позиција на светската мапа

Како резултат на поместувањето на земјените тектонски плочи, светската географска мапа треба да се обнови, па така Австралија ќе добие нова позиција на светската географска карта, пишува американскиот весник „Њујорк Тајмс“.

Оваа состојба е резултат на тектонските плочи, односно поместувањето на големите површински земјени плочи. Австралија е всушност најбрзиот дел на Земјата, и според географските стандарди континентот „лета“. Од 1994 година се поместила за 1.5 метри, а годишно се поместува 6.9 сантиметри северно. Покрај ова, континентот и ротира во правец на стрелките од часовникот.

Луѓето можеби нема да забележат, но Светскиот систем за позиција (ГПС) забележува. Австралија сега треба да ги поправи своите географски мерки за должина и ширина за да биде  во координација со ГПС. Во последните 50 години, Австралија четири пати ги има променето овие географски мерки.

Автор:

Слични статии