Култура

Неговото височество, чајникот

Чајот е вториот најконзумиран пијалак после водата, па оттаму доаѓа и преокупацијата чајникот да доживува неверојатни дизајни, а дел од нив ви претставуваме во текстов.

Дефиниција за чајникот би била: сад кој се користи за натопување на листови во врела вода.  Чајникот веројатно води потекло од керамичките котлиња и стомни кои се правеле од бронза и други материјали и како такви биле карактеристика на кинескиот културен живот со илјадници години. Најстариот сочуван чајник  кој денес е сочуван датира од 1513 и му се препишува на Гонгчун. Пиењето на чај во Европа најпрвин била прифатена од високата класа, бидејќи чајот бил многу скап. Порцеланските чајници биле особено ценети бидејќи во тоа време во Европа не се произведувал порцелан. Дури во 1765 година бил пронајден начин за правење на порцелан во Англија, каде почнале да се произведуваат чајници, слични на кинеските. Кога европските грнчарии почнале да прават свој чаен прибор, тие исто така биле инспирирани од кинеските мотиви.

 

1 2 3 5 caj caj2 caj3 caj5 cajn cajn1 cajnik cajnik1 6999-emmezeta 84-4918 167c165b033266ea494da713abd7ac3b 09101200000084-5533 a97120_g081_1-polka-dot a97120_g081_5-dice images karas-6236

Слични статии