Култура

Почнуваат 55.Струшки вечери на поезијата

Со официјалното читање на Константиновата „Тга за југ“ пред Домот на поезијата денеска почнува јубилејното издание на 55. Струшки вечери на поезијата.

Триесет и двајца поети од 30 земји ќе учествуваат на 55. „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), што од 24 до 29 август ќе се одржат во Струга, но поетски настани ќе има и во Битола, Ресен, Охрид. Во рамките на подготовката на 55. издание се направени чекори во насока на драстична промена на содржини кои ќе им овозможат на учесниците да бидат посеопфатно претставени во рамки на Фестивалот. Внесени се нови форми и локации.
Како новитет оваа година е развиен целиот концепт на поетски портрети каде 10-минутните читања на сите поети ќе овозможат на публиката да види презентација на разновидни поетики кои меѓу себе се во некаков дијалог. Во рамките на новата содржина наречена „Поетско кафе“, планирана за попладневните часови, ќе има книжевни дебати на одредени теми и поетско читање. Ќе има презентација на оние јазици кои се малцински во одредени земји, кои не се официјални јазици. Манифестацијата завршува во Скопје со поетското читање, матинето во Матка и поетскиот митинг кај Камениот мост со што на 29 август официјално ќе заврши овогодинашното издание на „Струшките вечери на позијата“.
Годинашен лауреат на наградата „Златен венец“ е канадската поетеса, книжевна критичарка, романсиерка, есеистка Маргарет Етвуд. Традиционалното садење на дрво и читање на поезија во чест на добитникоѕ на „Златниот венец за поезијата“ ќе се одрѓи во сабота во Паркот на поезијата.

Tagged with:

Автор:

Слични статии