„Ослободување на Скопје“ прикажан на Сараевскиот филмски фестивал
— 15 август, 2016
Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија беше прикажан на Сараевскиот филмски фестивал во рамките на „Авант Премиере Програмата” .
Главните улоги во „Ослободување на Скопје“ ги толкуват: Давид Тодосовски, Раде Шербеџија; Силвија Стојановска, Луција Шербеџија; Петар Мирчевски и Небојша Глоговац. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Иван Бартлинг, костимограф Жаклина Крстевска, дизајнер на маска Ана Булајиќ Црчек. Филмот го продуцираа Роберт Насков, Горјан Тозија, Игор А. Нола и Владимир Анастасов. На премиерата на филмот присуствуваше дел од артистичката екипа предводена од Раде и ДанилоШербеџија кко и 11-годишниот Давид Тодосовски.
Инаку, “Авант Премиере Програмата”, годинава ќе понуди премири на четири филма од автори од регионот. Покрај „Ослободувањето на Скопје“ ќе бидат прикажани и „Дневникот на машиновозачот“ од Милош Радовиќ (Хрватска, Србија), ЗГ80 на Игор Шереги (Хрватска) и „Новини“ на Далибор Матаниќ (Хрватска).
Авант Премиер програмата е водеведена во 2014 година како дел од индустрискиот сегмент на Сараевскиот фестивал и има за цел да ја олесни регионалната промоција, дистрибуција во земјите од нашето лингвистичко подрачје. Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција и зад него стојат продуцентските ќуќи соодветно Партизанс, Лијени Филм и Арт филмс. Македонската премиера на филмот ќе се оддржи на отворањето на овогодишниот фестивал „Браќа Манаки”.