Култура

Раде Шербеџија: Во Југославија бев среќен

Еден од најголемите живи актери од територијата на Југославија, кој по голема актерска кариера во поранешна Југославија, направи солидна кариера и во САД и Европа, Раде Шербеџија во интервјуто за белградскиот неделник НИН

Раде Шербеџија, актер, поет и боем, во седумдесеттите години беше најпопуларниот Југословен  по Тито, заедно со само неколку спортисти – олимпијци. Само Раде беше убав и млад, а сите останати  – само млади.
Потоа дојдоа деведесеттите, а Раде беше протеран од Загреб потоа и од Белград, а во Сараево, од сите три страни беше прогласен за предавник. Отиде во белиот свет и од Лондон, а потоа и од Лос Анџелес, пристигнуваа вести за големи постигања и големи ролји на  наша единствена и голема холивудска ѕвезда, но пристигнуваа и интервјуа и негови писма коишто звучеа како Екс понто од Андриќ кои го носеа очајот на Овидиј на прогонет од Црното море.

rade i tom

Јас нешто не верувам дека ќе престанам секаде да бидам странец. Ја сакам таа моја позиција во холивудското студио кога на снимање на некој голем филм седам со луѓе како што се Том Круз, Шарлиз Терон, Анџелина Џоли, Анет Бенинг и Ворен Бити… луѓето со кои работев и се дружев и со кои и понатаму се дружам и работам

 Се вративте на морето. Дали го затворивте кругот,  од онаа почетна, веројатно младешка фасцинација со старите рибари и потребата да се биде на море, најмногу во летниот период, на “сезоната”, кога девојките мирисаат поубаво од морето и од четинарите ..
Па мене ми е сосема логично, луѓето  родени во планините или рамниците, каде што и јас пораснав – да го сакаат морето. А  Јадранското море не е тешко да се сака, затоа што е најубаво во светот. Бев фасциниран од морето  уште кога бев млад актер на 18 години, одев на Дубровнички летни игри. Тоа беше кралско време за уметноста.

Некако почетоците на вашата кариера се совпаднаа со тој специјален статус што  уметниците го имаа во социјализмот. Ако ништо друго, барем голема популарност, слава и почит, се додека тогашното општество не беше стигнало да потоне во потрошувачкиот менталитет?
Тие доцни шеесети, Дубровник беше светла театарска сцена, светска, европска и југословенска.. Во тоа време се дружеа актерите од цела Југославија: од Србија беа Љуба Тадиќ, Стево Жигон, Ружица Сокиќ, Мира Ступица, Бранко Плеша …
Сите со години работеа на летните  игри, кога боговски се живееше. Подоцна го открив островот Силба, каде што купив плац и изградив куќа. Тогаш немаше електрична енергија. Тоа беше прекрасно и романтично. И рибата мирисаше поинаку. Се  беше поинаку. Тамо одев секое лето после Дубровник и останував цел септември. Таму ловев риба и сеуште таму имам пријатели. Се сеќавам дека еднаш отидов на филмскиот фестивал во Пула и добив Златна арена – не се сеќавам повеќе за кој  филм беше тоа – и кога се враќав од Пула на бродот прочитав во весник, дека мојот пријател, Дамир Галетовиќ фатил голем буцањ тежок 56 килограми.

Eade

Ах, детско прашање! А можеби и поетско. Па многу убави работи ми се случиле во животот. Можеби всушност е најубав тој, самиоит живот: привилегија да живееш и да се радуваш, па жена која ја сакаш и децата кои ги подигаш, воспитуваш, ги сакаш, се грижиш за нив, родителите твои, роднини, браќа и сестри… Тоа ми е најбитно и тука сум среќен човек

Извинете, но ние “туристите” од континентот, не знаеме што е “буцањ”?
Тоа е огромна риба, но не и за јадење. Кога ќе ја види човек, ќе се уплаши, мислејќи дека е ајкула. Но, тој, сепак ја фатил и мене ми беше криво што бев во Пулската арена.  Инаку јас би ја уловил заедно со него, бидејќи би биле заедно на бродот. Се сеќавам дека на бродот ја преправив дипломата, на која пишуваше дека се доделува на мене, го прешкртав моето име и го напишав неговото и му дадов Златна арена за уловениот „буцањ“. Тој го заслужи тоа, бидејќи е навистина е лудак. Невиден!  Ха, ха, ха …

 И од вашата Силба на почетокот, сега до Бриони, преку детското рибарење дојдовте  до  величествениот театар Улисис,  кој е веќе 13 години стар, колку и овој век?
Секогаш се изненадувам кога некој тоа ќе ми го спомне! Велат дека театарот обично по седмата година од своето постоење станува препознатлив.  А ние траеме веќе  13!  Поминавме преку се и сешто, од игнорирање, па не знам се какви не глупости и дезинформации за нас – што работиме, каде и како живееме,  се до некомпетентни и недобронамерни прикажувања за нашите настапи. Но луѓето што боцкаа се изморија од викање и денес сме признати како добар театар.

Главниот  копродукциски партнер ви е новосадскиот Српски народен театар. Како тече таа соработка?

Одлично. Па, гледате дека главно, партнерите не ги менуваме. Тоа започна со “Одисеј” на Горан Стефановски минатата година.  Таа претстава ја стави во сенка целата конкуренција на „Стериино позориште“ и потоа ги помина сите големи градови на поранешна Југославија и надвор од неа. Претставата “Шекспир во Кремљ” е чекор понатаму, бидејќи во неа се најголем број на актери од Нови Сад, повеќе отколку од  Загреб и Белград.

Мислам дека е направена голема и важна работа – за денешната театарска, а богами и за политичката ситуација, бидејќи е важно луѓето да почнат повторно да се поврзуват, да почнат да тргуваат меѓусебе, да разменуваат искуства.  Сосем е логично, некое претпријатие од Загреб, што произведува метални делови па и завртки, да се поврзе со некој од Србија кој произведува нешто слично или компатибилно. Тоа ќе дојде, тоа е неизбежно, и театарот, овој наш „Улисис“ е тука да ги забрза овие процеси.

 

Rade1

Mислам дека денес во се се претерува кога се зборува за таа некогашна Југославија – како, не се можеше ова, не се можеше она… Ма, по ѓаволите не беше така! Секако дека имаше неправедно третирани уметници и воопшто луѓе поради нивните поинакви политички мислења, nо во суштина сепак тоа беше едно општество во кое можеше сешто да се направи. Конечно, сите тие филмови кои беа забранувани – на крајот пак се гледаа.

Одигравте речиси се во театарот и во филмот речиси се што може да се замисли. А како беше тоа пред 40 години кога од малиот Винковци се вгнездивте во Загреб?

Па, кај мене и кај мојата генерација беше тогаш така. Јас секогаш сакав да се восхитувам и да учам. Како млад актер, кога ќе видев некој „мајстор“, посакував да сум покрај него., да бидам со него, па така се дружев со сите тие големи типови. Паја Вујисиќ, Љуба Тадиќ, ми беа најблиски другари, со Фабијан Шоваговиќ исто така бев одличен, но со него беше тешко да се дружиш, тој беше свој, ја сакаше самотијата, сакаше да избега, да биде сам,  беше вистински волк самотник.

А Љуба Тадиќ беше многу дружељубив и се радувам дека сега можам да кажам,  со него станав близок пријател. Тој беше еден величествен и прекрасен човек, а јас едноставно  сум среќен поради тоа што имав  прилика да бидам близу до него, да разговарам со него за сè, за животот и за уметноста, за политика, особено во оние години кога почна оваа ужасна политика и овие ужасни војни во земјата во којашто живеевме заедно … некогаш. Тоа беше скапоцено нешто да се биде блиску до таков голем човек.

А дали забележувате дека денес  овие нови актерски клинци, многу сакаат да бидат со вас?

Секогаш го има тоа, иако ситуацијата е изменета малку, бидејќи театарот повеќе не е толку важен, не во глумачкиот живот. Филмот, а особено телевизијата, станаа многу важни и со посредство на интернет се е достапно. Денес младите отвораат интернет и само блеат во него и не им се оди во театар. Сега театарот е во тешка ситуација во целиот свет. Но, јас верувам дека повторно ќе дојде неговото време, бидејќи мора да се изгустира оваа неприродна, виртуелна технологија.

Љубиша Ристиќ еднаш рече дека во седумдесеттите години од минатиот век сте биле  најпопуларен и најзначаен Југословен после Тито и тоа е единствено во што сум се сложил со него.  И некои спортисти ја имаа таа среќа да она што најдобро го работат го работат на сите јазици –  Дивац, Кукоч, Дино Раѓа, Стојаковиќ. Вие се напативте со јазикот, но да не беше филмот на Фадил Хоџиќ, “Новинар”,  јас сигурно немаше да се впуштам во тој занает, па сигурно и овој разговор немаше да го има. Тоа беше некаде кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век?

Да, во тоа време одев од филм во филм, снимив многу интересни и за чудо многу филмови кои преживеаја до денес. Но, снимив и многу кои не преживеаја. (смеење)

И сега ме среќаваат некои луѓе и ми велат, „леле, па ти си секој ден на ТВ, одат твои стари филмови“!. Па, мислам, тоа значи дека сепак преживеале. Посебно ги сакам филмовите што ги работев со Живојин Павловиќ. Беше тоа посебна страст да се биде во негов филм. Играв четири главни улоги во филмовите на Жика и тв серијата „Песна“,  според големиот роман на Оскар Давичо. Жика за мене беше важен човек, но не само како филмски режисер и воопшто креатор на раскошни можности, туку и како пријател. Важен ми е како писател, како интелектуалец. Тој е апсолутно совршен човек, а посебно го ценев по тоа што беше дисидент во вистинска смисла на аборот. Господинот дисидент. Тој, покрај Жилник и Макавејев, беше глевен претставник на „црниот бран“, но неговите филмови, кои беа критика на тој систем и некои појави, никогаш не беа вулгарни.

Морам да ја напишам и приказната за Анџелина Џоли и за сето она што го поминав со филмот „Во земјата на крв и мед“. И што доживеав, конечно, разноразни критики поради што играв во тој филм со приказна од наши краишта. Па, многумина и воопшто не го гледаа тој филм, а пишуваа за тоа. Но работата е смешна – луѓето веднаш се класифицираат ако некој ја допре темата од војната, оваа војна која се случи, веднаш тоа е вперено против цела нација. Зошто?

Морам да ја напишам и приказната за Анџелина Џоли и за сето она што го поминав со филмот „Во земјата на крв и мед“. И што доживеав, конечно, разноразни критики поради што играв во тој филм со приказна од наши краишта. Па, многумина и воопшто не го гледаа тој филм, а пишуваа за тоа. Но работата е смешна – луѓето веднаш се класифицираат ако некој ја допре темата од војната, оваа војна која се случи, веднаш тоа е вперено против цела нација. Зошто?

Кога веќе зборувам за тоа, мислам дека денес во се се претерува кога се зборува за таа некогашна Југославија – како, не се можеше ова, не се можеше она… Ма, по ѓаволите не беше така! Секако дека имаше неправедно третирани уметници и воопшто луѓе поради нивните поинакви политички мислења, со тоа се сложувам, но во суштина сепак тоа беше едно општество во кое можеше сешто да се направи. Конечно, сите тие филмови кои беа забранувани – на крајот пак се гледаа. Така што тоа е многу интересна приказна за Југославија и нејзините дисиденти.

Напишавте во биографијата „До последен здив“ дека во 90-тите не сакавте да ги прифатите тезите на младите борбени поети – националисти, кои ги претвораа „нашите денови и години кои заедно ги живеевме во промашени животи, лажни занесености и залудна љубов

Дозволувам дека некој бил несреќен во таа земја. Мене ми е жал што тој некојси бил несреќен, бидејќи ако бил несреќен, веројатно и имал причина за тоа. Навистина на луѓето им се случуваа некои непријатности, како во секоја земја и во секој систем. И во тоталитарен и во демократски, во капиталистички и во социјалистички систем. Но, не можам да дозволам, било кој да ми каже,дека ЈАС бев несреќен во таа земја и да ме убедува во тоа. Јас бев среќен.Живеев добро во таа земја и го сакав сиот тој народ. И мислам дека народот живееше добро во таа земја. Тоа беше време кога ние се смеевме кога одевме во Унгарија, Чехословачка, Полска, Русија и ни беше тешко да ги гледаме тие наши луѓе – браќа Словени, како беа повредени под тој руски социјализам. А ние живеевме еден потполно поинаков и побогат живот.

Значи, поради тоа треба да се биде попаметен и поискрен кон сето тоа што го живеевме овде. За жал, дојде до тоа – бидејќи секогаш доаѓа до тоа победниците да ја пишуваат историјата – во многу средини,  за сите работи што се учат за поранешна Југославија, да се креираат нови вистини, сакаат многу работи да ги избришат со гума за бришење, како никогаш да не се случиле.

Сепак, не сакам да се фатиме во било каква расправа или ламентација за војната и воени случувања на ова подрачје, бидејќи не сум ниту стручњак, ниту социолог, ниту политиколог за тоа да го објаснувам. Можам само да кажам она што интимно го чувствувам: никако не можам да се поставам како човек кој се знае за тоа, кој анализира како се случило. Но, мојот инстинкт ми зборува дека најголеми виновници се големите народи, големите економски и воени сили во светот кои го допуштија тоа да се случи, во средиштето на Европа. Тоа е мое мислење. А овие наши бараби кои се гурнати во тоа и кои го искористија тоа како би направиле свои индивидуални политички кариери – нема ни имињата да им ги споменам, сите знаеме како се викаат или како се викаа за време на нивниот живот.

Се што имам да кажаме и што треба да се каже е  онаа стара изрека која вели дека „кога воените труби свират, музите замолкнуваат“. Во таа смисла поминавме еден тежок период од животот, во секоја средина воените труби ги трубеа своите мелодии, свои вистини, се беше прикажувано црно-бело, сите останати беа виновници, само нациите, секако нивните нации, беа исправни…а тоа секако не е вистина.

Во таа војна имаше се и сешто и оние кои беа против војната и кои се издигнуваа на било кој начин и кои сакаа да ја сопрат војната, и кои само го кажаа јавно нивното мислење – тие стануваа непријатели во сите средини. Е, јас сум еден од таквите луѓе, но секогаш заедно со некои прекрасни и чесни луѓе, како што беше мојот пријател Љуба Тадиќ и уште многу други во таа поранешна држава. Да не ги набројувам имињата, секаде имаше такви луѓе.  Секако дека таквите луѓе во тој момент беа црни овци, беа несакани… и тоа трае до денешен ден.

Raade

Мислам дека денес во се се претерува кога се зборува за таа некогашна Југославија – како, не се можеше ова, не се можеше она… Ма, по ѓаволите не беше така! Тоа беше време кога ние се смеевме кога одевме во Унгарија, Чехословачка, Полска, Русија и ни беше тешко да ги гледаме тие наши луѓе – браќа Словени, како беа повредени под тој руски социјализам. А ние живеевме еден потполно поинаков и побогат живот

Секако работите се изменија. Некогаш, како што велите, бев еден од најпопуларните луѓе на тој простор, потоа дојде време кога бев во поедини средни еден од најнепопуларните луѓе, каде акциите ми паднаа, но сега повторно дојде времето кога луѓето почнаа да ме разбираат. Секако, секогаш има паметни луѓе, оние кои од самиот почеток ги разбираат работите, но има и многу невини луѓе, кои гледаат своја телевизија, читаат свои весници и тие примаат само такви информации и тие веруваат во такви информации.

Меѓутоа, работите се менуваат. Гледате, луѓето повторно комуницираат меѓу себе, еве луѓето патуваат, до пред десеттина години на Србите им беше тешко, па и опасно да доаѓаат на Јадран, но денес ете се доаѓа масовно, значи таа тензија спласна.

Никогаш тоа нема да биде како што беше, затоа што раните се големи, ужасни сцени се случија, но дека овие народи мора да живеат едни покрај други во мир, тоа е сосема извесно. А, освен тоа, конечно оние луѓе кои се апсолутно невини и кои не сакале никакво зло на никого, а се претставници на оној или овој народ, тие ќе можат мирно и со чиста совест да разговараат, да тргуваат, да имаат бизнис, или едноставно да се дружат со други луѓе. Да се почитуваат, не мора бескрајно да се сакаат. Конечно, еве, нема да има граници. Еве, сега нема граница помеѓу Хрватска и Словенија и другите земји ќе влезат во Европа … не смеам ниту да спомнам, но подобро е да сме во Европа кога не може поинаку.

Да, ќе кажам: кога би можеле поинаку, ќе беше подобро да не сме во Европа. Но, вака сме сите заедно премали па едноставно немаш друг избор, ти мора да бидеш дел од таа голема трговска заедница. Но, дека ќе ни биде тешко како народ – тоа е сигурно. Многу е тешко да се одржиш во една голема заедница во која германскиот, англискиот и францускиот се главни јазици.

И што ве натера конечно да го оставите Лос Анѓелес и солидна холивудска кариера и да го заокружите вашиот животен круг со креда?

Најмногу – моите деца. Ги имам пет. Данило е режисер, а пред тоа заврши филозофија и старогрчки. Кога на 18 години сакаше на режија, јас му реков: „Сине, немој, нема ништо да научиш така млад“.  Иако имавме прекрасни професори на Академијата. Беше Бабај, Берковиќ, Крешо Голиќ… Немој да одиш, затоа што тоа е сиромашна академија, немаат ниту камери ниту филмски материјал, тука нема да снимиш три документарни филма за четири години, заврши прво некој јак факултет.. јас се држев до правилото на Гавел дека во негово време не можеше да се запишеш на Академија за театар, филм или телевизија, ако не си најмалку апсолвент на било кој факултет. Бидејќи, режисерот мора да биде образуван. Секако, има и такви гении кои од почетокот се генијални како нашиот Костурица, жив талент. Тоа момче веќе со 17 години беше она што другите беа целиот живот, но тоа се ретки исклучоци.

Па тогаш Данило дипломираше на Филозофски и повторно дојде кај мене, а јас нема каде, туку го пратив во Охајо, кај мојот пријател Рајко Грлиќ, кој е таму шеф на катедра за филм. И тој таму студираше уште три години режија.  И снимаше, постојано снимаа. Мојата прва ќерка Луција е веќе на големо актерка во Загреб, играше во многу филмови и многу е популарна во Хрватска. Ја имам и Нина, талентирана актерка, која е тука во нашиот театар, а сега студира на Филаделфија, играше во два кратки играни филма. Милица заврши втора година на применета уметност во Риека, а Вања сега бира факултет, или ќе оди во Глазгов или во Виена, само и сугерирав да студира било што само не глума, бидејќи актерството, ако имаш дарба, се учи и без студии. Особено покрај нас – таа постојано има „театар дома“. Се сеќавата на она изрека: „А што да прават децата на пекарот, ако не печат леб“? Сите три ќерки со Ленка Удовички пораснаа во Лондон и во Лос Анѓелес, Нина всушност е родена во Белград но само после девет дена ја однесовме во Словенија, сите три зборат англиски како прв јазик и затоа ќе студираат во странство.

Што најубаво ви се има случено во животот?

Ах, детско прашање! А можеби и поетско. Па многу убави работи ми се случиле во животот. Можеби всушност е најубав тој, самиоит  живот: привилегија да живееш и да се радуваш, па жена која ја сакаш и децата кои ги подигаш, воспитуваш, ги сакаш, се грижиш за нив, родителите твои, роднини, браќа и сестри… Тоа ми е најбитно и тука сум среќен човек. Извинете, но морам да чукнам во дрво. Татко ми неодамна наполни рамно 100 години, а се уште е бистар, концентриран, работи се, решава крстозборки, неверојатен човек, живее во Белград. Така што тоа е голема работа и тоа е она што го имам. А толку има многу луѓе кои ги допира некаква несреќа во животот, мене само мајка ми умре прерано и остана една длабока болка во мене, а се останато, фала му на Бога, не се жалам, не ми се пореди лошо.

И конечно, каква е судбината на вашата прекрасна и ужасно, ужасно тажна книга „До последниот здив“

Книгата се чита во рамките на некогашна заедничка држава, преведена е на италијански, словенечки и македонски. Не сум сеуште, како што се подготвував, направил и англиско издание, но сега знам дека треба да го направам. Само можеби, ќе биде поинаква книга, барем донекаде: да спојам некои нејзини поглавја со нови поглавја од мојата сеуште недовршена втора книга „Green card”,  каде тежиштето е на моите холивудски искуства и пријателства со тамошните бардови на актерството, што американските и англиските читатели повеќе би ги интересирало.

Таму пишувам за моите пријатели – актери и режисери – кои се интересни за нив. А тоа секако мора да го напишам. Морам да ја напишам и приказната за Анџелина Џоли и за сето она што го поминав со филмот „Во земјата на крв и мед“. И што доживеав, конечно, разноразни критики поради што играв во тој филм со приказна од наши краишта. Па, многумина и воопшто не го гледаа тој филм, а пишуваа за тоа. Но работата е смешна – луѓето веднаш се класифицираат ако некој ја допре темата од војната, оваа војна која се случи, веднаш тоа е вперено против цела нација. Зошто?  Можеше да се случи, а се случуваа такви работи, но секоја нација веднаш ќе пронајде дека тоа е вперено против цела нација. Е, а каде бевме ние? Така, една новинарка ме праша: А каде се хрватските и муслиманските логори во тој филм? А јас велам: Госпоѓо, барем 100 километри понатака. Не можеш сето тоа да го стрпаш во еден филм. Во овој филм се работи за тоа, Анќелина ја слушнала таа приказна и на таа основа напишала сценарио. Ќе има уште, луѓето ќе пишуваат поинаку. А и пишуваа конечно, што се случува во муслиманскиот логор, што во хрватскиот, и така натаму. А и треба да се прават тие филмови, да се види дека секаде се случувало и дека беше се и сешто. И дека ние бевме, и дека сме сведоци на тоа и дека во сопствениот народ имаше поединци кои правеа страшни работи. И дека е должност на уметниците и јавните работници и поети и писатели да прават претстави и филмови за тоа и да пишуваат  книги. Како што вели Бертолх Брехт „секој нека зборува за неговиот срам, јас ќе зборувам за својот“. Во тоа има нешто битно, таквите работи да се жигосаат. И не може ниту едно злосторство да се остави нежигосано и неказнето.

RADDE

Секако дека имаше неправедно третирани уметници и воопшто луѓе поради нивните поинакви политички мислења, со тоа се сложувам, но во суштина сепак тоа беше едно општество во кое можеше сешто да се направи. Конечно, сите тие филмови кои беа забранувани – на крајот пак се гледаа. Така што тоа е многу интересна приказна за Југославија и нејзините дисиденти

Непосредно по враќањето од Америка, ја кажавте најтажната реченица, која за жал дури од неодамна често се слуша на Балканот: „Сега секаде сум странец“! Дали ќе се откажете од неа, или барем малку ќе ја потиснете, после сите триумфи на театарот „Улисис“ и ваша (и Ленкина) Академија за театар и филм во Риека?

Јас нешто не верувам дека ќе престанам секаде да бидам странец. Бидејќи, кога еднаш ќе станеш странец во светот, тоа не е само состојба на човекот, кој е, да кажеме, апартрид, туку тоа станува една состојба во која човекот се заљубува и се чувствува  лагодно. Мене ми има кажано Данијел Драгојевиќ, баш тој генијален хрватски поет кој ми е пријател: „Што јас вам ви завидувам, вие успеавте да бидете она за што јас постојано сонувам, да бидам странец меѓу сопствениот народ!“

Почнуваш да се заљубуваш во нешто друго. Така, да кажам, еве, сега ми фали Лос Анѓелес. Ја сакам таа клима, тој воздух во кој нема ниту малку влажност, ја сакам вечната пролет таму, ги сакам некои прекрасни ресторани во Санта Моника и на Беверли Хилс. Ја сакам таа моја позиција во холивудското студио кога на снимање на некој голем филм седам со луѓе како што се Том Круз, Шарлиз Терон, Анџелина Џоли, Анет Бенинг и Ворен Бити… луѓето со кои работев и се дружев и со кои и понатаму се дружам и работам.

Тое е нешто што мене и целиот мој живот не направи поинакви. Но сепак, покрај сето тоа, јас сум најмногу семеен човек. Секогаш ми е приоритет да бидам во сопствената  куќа, да бидам со својата жена и со своите деца, да им правам ручек, доручек, вечера и најтешко ми беше кога не можеа да патуваат со мене на филмовите кои ги снимав, кога одев некаде далеку, како во Австралија.

 

Текстот е преземен од СФРЈ

Автор: