Култура

Најдобри фотографии од животната средина за 2016

Изложба со најдобрите фотографии од животната средина од целиот свет е отворена во Лондон и ќе трае до 21 август. Изложбата прикажува 60 најдобри фотографии одбрани межу 10 илјади пристигнати фотографии и филма од 70 земји од светот.

3

Селаните фаќаат риби користејќи конусни кошеви и сончева светлина во Odisha. Помалку од половина од 42 милиони жители на државата, користат електрична мрежа. Околу 1,1 милијарди луѓе во светот живеат без пристап до електрична енергија, а во близина на една четвртина од нив се во Индија. Соларни светилки се користат како единствен извор на осветлување

 

Избраните фотографии и филмови ја одразуваат моменталната состојба  на животната средина и социјалните проблеми со кои се соочуваме денес: тие опфаќаат теми на неодамнешните природни катастрофи предизвикани од климатските промени, ефектите од порастот на населението во урбаната средина, како и снаодливоста на Човекот во изнаоѓањето на начини во  зачувување на биодиверзитетот на земјата.

4000

Носење на стадо овци паша во Гранада – Шпанија

Покренат во 2007 година од страна на (CIWEM), нституција за  вода и управување со животната средина и спонзорирана од страна на Аткинс – една од најпочитуваните фирми за проектирање, инженеринг и управување со проекти и консултации во светоп. Со изборот на најдобрите фотографии и филмови, испратени од професионалци и аматери, се  дава меѓународен пример и а за целта е  да го поттикне глобалниот аудиториум да размислува поинаку за современите социјални и еколошки прашања.

4

Над 90% од домовите во Исланд се загреваат со геотермална енергија и со поддршка од хидро електрична енергија. Но,веќе се ќувствуваат последиците од глобалното затоплување

Тери Фулер, главен и извршен директор, вели: “Секоја година ние сме среќни што добиваме  толку  голем број на истакнати учесници, реномирани фотографи и филмаџии кои се инспирирани од животната средина. Конкурсот има за цел да ја подобри состојбата на водата и управувањето со животната средина како и да се подигне свеста на сродните социјални и културни прашања.

5

Производство на алги се промовира како алтернатива, стабилен и одржлив приход за рибарите во регионот Semporna

“Од година во година, натпреварот станува се  подобар и подобар”, вели Дејвид Хели, еден од  селекторите во оваа 2016 година. Повторно, јас бев изненаден од разновидноста на темите и разновидноста на фотографиите и пристигнатите филмови“

AA

Тибетантски монаси играат баскет… топката со мраз се топи високо на Хималаите, во загадувањето што се крие зад Таџ Махал

 

Ник Робертс, главен извршен директор Аткинс „Во последниве години светот беше сведок на брза промена во структурата на населението и степенот на миграција, од што многу малку можеше да се предвиди. Ова, заедно со континуираната ефекти од климатските промени и забрзано влијание на технологијата,  е прашање како овие податоци ќе влијаат на нашите градови и кои ќебидат промените на нашата околина.

 

Автор:

Слични статии