Градот ќе го врати името „Дом Ибни Пајко“ ако го има на стари фотографии
— 15 јули, 2016Акцијата на Градот за освежување на фасадите во централното градско подрачје премина од другата страна на Вардар. Сега се освежува ликот на зградата „Ибни Пајко° лоцирана на влезот на Старата чаршија, во која е сместен ресторанот „Пирин Планина°. За овој градежен зафат Градот издвои 500.000 евра. Познавачите на историјата на објектите во Скопје тврдат дека „Ибни Пајко° датира од предвоените времења, од периодот на модерната во Скопје, а градена е во стилот на архитектот Корбизие. Од времето на модерната се и зградата на Црвениот крст на Македонија, Градската болница и зградата на Стопански двор, објект кој бил лоциран некаде кај сегашен „Бисер°. Тој претставувал трговска комора. За модерната во Скопје се врзуваат познати имиња на архитекти, Милан Злоковиќ, Сотир Томовски и Бранко Којиќ. Зградата е изградена во 1938 година на земјиште на сопственикот Ибни Пајко, кој бил трговец и по него го добила името. Малку е познато дека со последното бојосување на фасадата биле покриени буквите на нејзиниот преден дел, под ќерамидите, каде што пишувало „Дом Ибни Пајко°. Секоја буква била сместена во посебна преграда. Оние што знаат за ова, сметаат дека со сегашното бојосување на фасадата треба и да се вратат буквите. Градските власти за оваа работа се консултирале со главниот градски архитект и доколку успеат да пронајдат фотографии на кои се видливи буквите, тогаш повеќе од сигурно е дека тие ќе бидат вратени, како и автентичниот лик на објектот. Првичната негова намена биле станови за издавање, но имало и социјални седишта. Хроничарите тврдат дека објектот имал црвена боја и сосема се вклопувал во тогашното решение на плоштадот наречен „Црвена Вода”. Наспроти ?Ибни Пајко° се наоѓало познатото Еврејско Маало. Пред „Пирин Планина° постоела Пајко џамија, а овој познат трговец ја изградил за да им се додвори на муслиманите, со цел подобро да му оди бизнисот. Џамијата се споменува се до некаде 1946/47 година, а најверојатно е урната за време на војната или по неа.
Архитект Живко Поповски појаснува дека објектот е идејно решение на архитект Михо Чакеља, родум од Дубровник, а доселен во Скопје во 1933 година. Целиот животен век го поминал во Скопје.
– Објектот е од периодот на модерната на Македонија и становите беа за издавање. Тој е прв објект што ја иницира идејата за постоење на плоштад. Покрај тоа што неговата фасада е во црвена боја, има и шрафура која по сегашното бојосување би требало да се запази, додава Поповски.
– Пред изградбата на зградата „Ибни Пајко„ што како податок е интересно, е дека во еден од тие станови за давање под наем во овој објект престојувал Ванчо Михајлов. Сега знам дека таму живеат неколку воени пензионери, вели Христо Поп Христов, полковник и специјалист-инфектолог во пензија.
– Кога се гради зградата „Ибни Пајко°, веќе постоеле објектите ?Санаториум°, „Ставридис° и џамијата „Ибни Пајко°. Околу„Ибни Пајко” живееле многу видни скопјани, трговци и лекари. Ставридис бил познат лекар, браќата Галиќ се занимавале со трговија и лекарот Чохалиќ кој во сопствената куќа имал и ординација, како и Папа Теодосиј. Станува збор за значајна традиција на видни скопјани. Овој дел го претставува стариот дел на Скопје поврзан со духовното живеење на градот, вели хроничарот Данило Коцевски.
Автор: Снежана Калабакова
Оригиналниот текст е објавен во Утрински весник