Култура

Тркалезна маса за Климентовото духовно наследство

Свети Климент Охридски одиграл голема улога во историјата и писменоста на словените. Тој е првиот словенски архиереј кој служел, проповедал и пишувал на словенски јазик.
Свети Климент Охридски одиграл голема улога во преродбата на словенството. Благодарејќи му нему, словените се вброија во големите народи кои го слават господа на својот роден јазик.
На  Православениот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ беше одржана тркалезна маса на тема „Св. Климент Охридски и неговото духовно наследство“, која се одржува во рамки на „Деновите на руската духовна култура во Македонија“ кои завршуваат на 18 јуни е со концерт на ансамблот „Русија“.

Светителот Климент се смета за првиот словенски писател кој не само што го продолжил преведувачкото дело започнато од Светите Кирил и Методиј туку оставил и свои значајни и пишани дела. Во Охрид тој ја организирал книжевната школа со што Охрид станал еден од најголемите центри на словенската култура. Охрид бил извор на писменоста на сите словенски народи, рече Стојковски. На тркалезната маса се дебатираше на повеќе теми поврзани за охридскиот учител, меѓу кои за „Духовното наследство на Свети Климент Охридски“, „Климент Охриски во Русија“, „Свети Климент- македонска и словенска светлин

Во излагањето на професорот на УКИМ Димитар Пандев на тема „Свети Климент Охридски: охридската традиција и раната руска славистика“ тој се осврна на два предмета. – Првиот е дека Свети Климент е составен дел од охридската културна меморија, а вториот е клучниот настан во руската славистика, односно откривањето на оргиналното климентово творештво, рече Пандев. Според него тие два настана креираат предмет со кој се дознава дека охриѓани уште од свети климентово време знаеле за климентовите творби кои биле само мал дел од сето она што го сторил во охридската културна трансформација. На тркалезната маса се дебатираше на повеќе теми поврзани за охридскиот учител, меѓу кои за „Духовното наследство на Свети Климент Охридски“, „Климент Охриски во Русија“, „Свети Климент- македонска и словенска светлина“

Автор:

Слични статии