Култура

Македонско-италијански фонд за филмски копродукциии oбјавија повик за финансирање проекти

Македонската Агенција за филм и италијанската Генерална дирекција за филм вчера, 15 јуни,  го објавија првиот повик за финансирање копродукциски проекти од областа на филмот. Годишниот фонд за програмата за поддршка изнесува € 60,000. Со цел продлабочување на соработката помеѓу македонските и италијанските филмски професионалци во раната фаза на развој на филмски проекти, Агенцијата за филм на Република Македонија и Генералната Дирекција за филм при Министерството за културно наследство и туризам (DGC-MiBACT)   заеднички го формираа во cептември 2015 година првиот македонско-италијански фонд за копродукциски развој.  Крајниот рок за поднесување апликации 12 септември 2016 година, а деталите за аплицирање се објавени на интернет страната  на Агенција за филм.

Tagged with:

Автор:

Слични статии