Култура

Луѓе и машини-роботи ја деминираат Палмира (видео)

По ослободувањето на античкиот град Палмира на 27 март во Сирија, руските стручњаци помогнати со роботи почнаа да работат на деактивирање на мините што ги постави војската на ИСИЛ. Според портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Закарова, досега се деактивирани повеќе од 1500 експлозивни направи.

Руското министерство за надворешни работи објави видео снимка на кое се гледа како машините и луѓето работат на деактивирање на експлозивните направи.

Автор:

Слични статии