Култура
goran stefanovski

Промоција на драми од Горан Стефановски

Во рамки на „Охридско лето“ ќе биде промовирано најновото издание „Собрани драми, книга четврта“ од еден од најеминентните македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски. Оваа најнова збирка е во издание на „Табернакул“ од едицијата „Темелница“. Збирката содржи три нови драми: „Одисеј“, „Огнерни јазици“ и „Figurae veneris historiae“

Промоцијата ќе се одржи во Охрид, во куќата на Уранија, на која ќе присуствува авторот Горан Стефановски. Во улогата на промотор ќе се појави Катица Ќулавкова, а извадоци на сцени од драмите ќе се појави Никола Ристановски. Промоцијата ќе се одржи утре, со почеток во 19 часот. На самиот настан авторот Горан Стефановски ќе одржи говор како и презентација за тоа како тече процесот на создавање на една драма.

Автор:

Слични статии