Култура
crvka sveti-ilija

Конзервација на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран

Црквата „Св. Илија“ е споменик на културата од 19 век.  Во 1916 година, за време на Првата Светска војна црквата била значително оштетена  и оттогаш објектот не бил во употреба.

Веќе четврта година по ред, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, се спроведува проектот за заштита на оваа црква во Стар Дојран, и тие ќе завршат во следната 2016 година, на стогодишнината од бомбардирањето на црквата, кога црквата ќе почне да функционира и ќе биуде пуштена во употреба.

Во првата фаза била направена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што целосно е оформен подот на црквата. На овие конзерваторско-реставраторски активности претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што беа откриени постари сакрални градежни структури. Втората фаза беше реализирана во 2013 година и подразбираше конзервација и реставрација на источната фасада од црквата, додека во 2014 година се одвиваа реставраторско-санаторските работи на внатрешните ѕидови од објектот, оформувањето на отворите за прозорци и врати, како и финални работи на подот и скалишниот простор од нартексот.

Оваа година е предвидено малтерисување на внатрешноста на црквата. Финализацијата на проектот, кој се однесува на непосредната заштита на црквата „Св. Илија“, ќе биде во 2016 година, во спомен на стогодишнината од бомбардирањето на објектот во Првата светска војна кога претрпе сериозни оштетувања и беше ставен надвор од употреба. Следната 2016 година, на стогодишнината од бомбардирањето на црквата, ќе се изврши преосветување на храмот и негово ставање во активна црковна служба.

Автор:

Слични статии