50. Театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
— 12 јуни, 2015Вечерва на плопштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, на големата театарска сцена , свечено ќе биде отворен јубилејниот 50. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Плоштадот во Прилеп, вечерва ќе се претвори во една голема театарска сцена, на којашто свои перформанци ќе имаат актерите од македонмските театри, кои ќе пеат и ќе изведуваат делови од текстови на патронот Војдан Чернодрински.
Режисер на заедничкиот перформанс е Дејан Пројковски. Претседателот на државата Ѓорге Иванов, ќе му врачи посебно признание на Фестивалот. Годинава во конкуренција за награди ќе бидат изведени 13 претстави на македонските професионални театри. Во секој фестивалски ден ќе се играат по две претстави во еден фестивалски ден и по уште една претстава во придружниот дел.
Инаку, фестивалската програма почна вчера со претставата на МНТ „Електра“, која поради спецификата се одигра на нејзината матична сцена во Скопје. Во рамките на фестивалот на 16 јуни во новиот театар во Велес ќе се изведе претставата „Приказни од шестиот кат“. Фестивалот уште еднаш ја потенцира потребата од нова театарскка зграда, којашто му е потребна на Прилеп. Сепак според изјаватаа на директорот на фестивалот Петар Темелковски фестивалот ја покажува нагорната линија на развојот на македонскиот театар. Тој ја нагласи плодната театарска година со богат театарски репертоар, како жанровски така и генерациски. Се појавија многу нови актерски и режисерски имиња, а ансамблите се доекипираат со нови актерски и режисерски имиња.
Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Мето Јовановски и Благоја Чоревски и театрологот Јелена Лужина. По повод јубилејот, годинава ќе биде промовирана и монографија за петдеценискиот растеж на МТФ „Војдан Чернодрински“.